За Нас

Ние сме нова формирана фирма и тоа во време кога целиот свет се соочува со една глобална криза наречена пандемија ковид-19. Времево кое светската економија се соочува со големи проблеми. Меѓутоа нашата храброст, знаење и искуство како и големата желба да и се помогне на нашето општество и во ваква глобална криза, одлучивме да се соочиме со предизвикот и да и понудиме на нашиот пазар целото наше искуство, знаење во областа на животната средина и природата, управувањето со отпад, третманот на отпадните води  и многу технички и технолошки решениа од областа на животната средина. Во овој правец се одлучивме да ги користиме најновите искуства од искусни компании кои во своето делување се покажале како лидери во делот не само на југоисточна европа него и во светот.

Компанијата Еcofocus DOOEL – Skopje беше регистрирана на ден 22.09.2020 и одма после формирањето побаравме соработка со врвни компании и на 07.10.2020 договоривме со компанијата TEHNIX од Република Хрватска, која што проектира, произведува и инсталира најмодерна технологија од областа на животната средина да бидеме нивен претставник за пазарот во Република Северна Македонија и Република Албанија. На нашата веб страница Вие ќе успеете да ги најдете сите производи на ова реномирана компанија и ќе најдете решениа за вашите проблеми од областа на отпадот, отпадните води и други проблеми.

Ecofocus DOOEL – Skopje, Ви стои на располагање на сите Вас кои што сте ангажирани во локалните самоуправи во Република Северна Македонија, да Ви понуди решениа во делот на собирање и транспортирање на комуналниот отпад. Нормално имајќи предвид нашето искуство и знаење стекната во пракса со комунален отпад. Ви нудиме идеи за поуспешно и со помалку трошоци да го реализирате овој битен процес за Вашите општини. Ви нудиме најнови решениа во областа на селектирање на комуналниот отпад, на местото на настанување, но и секундарната селекција.

Ние ви стоиме на располагање за секое ваше барање да го разгледаме, да бараме решениа и да ви нудиме решениа.

Нашата главна цел ќе биде Вашето задоволство.


 erebica